Што треба да направиме кога градиме „паметен дом“?
Иако популарноста на системите за автоматизација на домот расте од година во година, сè уште има многу прашања околу тоа што точно претставува и од каде е најпаметно да се започне.
Што е паметен дом?
Домашната автоматизација, позната и како паметен дом, или или т.н. „smart home“, претставува систем во кој сите паметни уреди се поврзани во централен контролен систем (хаб). Таквите уреди можат да бидат светла, паметни брави, машини за перење, клима уреди, фрижидери, паметни штекери, алармни системи, греење и ладење и слично. Кога контролниот систем, кој може да биде уред или апликација, е поврзан на интернет, можете може да управувате со уредите од каде било во светот преку мобилен телефон, таблет или компјутер. На пример, со само неколку допири на вашиот мобилен телефон, можете да отклучите врата, да вклучите светло или да го проверите алармот, дури и кога не сте дома.
Првиот чекор: избор на технологија
Првиот чекор во создавањето паметен дом е да одлучите дали ќе користите жичен, безжичен или комбиниран систем. Жичниот систем е стабилен и сигурен, но бара посложена инсталација, посебно ако домот веќе е изграден. Денес, повеќето корисници се одлучуваат за безжичниот систем, поради полесната инсталација и подобрата флексибилност. Можете да започнете со мал број уреди и да додавате нови подоцна, без потреба од рушење ѕидови.
Постојат неколку видови комуникациски протоколи, како што се Z-Wave и ZigBee. И двете технологии се квалитетни, но во пракса Z-Wave често нуди поедноставна компатибилност меѓу различни производители, додека кај Zigbee има повеќе варијации по профили. Изборот сепак треба да зависи од уредите што планирате да ги користите и од избраниот хаб.
Од каде да почнете?
Не мора веднаш да го автоматизирате целиот дом. Почнете со неколку основни уреди, на пример паметна брава и паметно осветлување на влезната врата се најчестиот избор. Подоцна можете да додавате нови уреди според вашиот буџет и потреби, како паметни термостати, сензори за движење, камери и слично. Важно е уредите да бидат компатибилни меѓусебно и со хабот што ќе го користите, за да функционираат во единствен интегриран систем, без проблеми и без прекини.
Зошто вреди да се инвестира во паметен дом?
Поголема безбедност
Кога ќе додадете електронска брава во системот, можете далечински да заклучувате и отклучувате, како и да овластите лице со привремен пристап, на пример чистачка или техничар, без да оставате резервен клуч. Некои модели на Locman паметните брави дури и регистрираат кој и кога влегол. Со едноставно отстранување на Z-Wave модулот, бравите можат да работат и како обични електронски брави.
Комфор и автоматизација
Со додавање на паметно осветлување, вклучувањето и исклучувањето може да го прилагодите според дневната светлина, можете да програмирате кога светлата се вклучуваат и исклучуваат, да ги поврзете со сензори за движење или да активирате сцени. Кога сте отсутни, можете да го програмирате дури и да симулира присуство и да помогне во превенција од провали и кражби.
Енергетска ефикасност
Автоматизацијата овозможува исклучување на потрошувачи кога нема присутни лица, оптимизација на греење и ладење и поефикасно управување со енергијата. Секој уред што ќе го поврзете со вашиот систем носи повеќе удобност, безбедност и енергетска ефикасност во секојдневниот живот. Во пракса тоа значи помала потрошувачка и пониски сметки за струја.

Кратки совети за успешен старт
Изберете централен хаб или платформа што ќе ви одговара и проверете ја компатибилноста со уредите што ќе ги користите пред да го купите.
Почнете со јадро од 2 до 3 уреди, па проширувајте според потребите и можностите.
За безбедносните уреди користете силни лозинки и по можност двофакторска автентикација. Планирајте ги фазите и буџетот за да избегнете непотребни купувања.